Во јуни, просечниот поврат на капиталот, индикатор за мерење на профитабилноста, изнесува 0,5% во споредба со 6,7% во јуни 2019 година, според ЕБА

Европските банки се соочуваат со големи загуби од лоши кредити и други трошоци предизвикани од пандемијата КОВИД-19, а нивната профитабилност паѓа на рекордни нивоа, предупредува Европскиот банкарски орган (ЕБА) во извештајот цитиран од „Еурактив“.

Во својата годишна проценка на ризик за европскиот банкарски систем, регулаторот посочува дека трошоците за пандемијата и општата економска несигурност тежат врз профитабилноста на европските банки, веќе погодени од ниските каматни стапки и конкуренцијата од финтек индустријата.

Во јуни, просечниот поврат на капиталот, индикатор за мерење на профитабилноста, изнесува 0,5% во споредба со 6,7% во јуни 2019 година, пријавувајќи рекордно ниско ниво.

Некои од трошоците ќе исчезнат откако ќе се преброди пандемијата и регулаторот забележува дека може да биде катализатор за многу клиенти да станат дигитални клиенти, што може да доведе до дополнителни заштеди.

Како и да е, банкарскиот орган препорача европските банки да истражуваат потенцијални спојувања и превземања за да ги искористат синергиите и да ги намалат трошоците.

Извештајот заклучува дека банките во блокот одржуваат солидни износи на капитал и ликвидност и го зголемуваат кредитирањето на реалната економија за време на првиот бран на пандемијата.

Документот забележува дека нефункционалните или „лошите заеми“ се намалија на 2,9% од вкупните заеми на крајот на вториот квартал.

Влијанието на коронавирусот е ублажено со вонредните мерки преземени од владите и регулаторите, како што е одложувањето на отплатата на кредитите и готовината обезбедени од централните банки.

Но, штом се укинат мерките за КОВИД-19, квалитетот на активата на банките веројатно ќе се влоши дополнително, соопшти ЕБА.

Во врска со ова, регулаторот забележа дека и покрај фактот дека нивото на нефункционални кредити продолжува да опаѓа, другите показатели веќе покажуваат знаци на влошување. На пример, обемот на должници кои имаат корист од одложување на ратите на кредитите „значително се зголемил“.

Поради оваа причина, ЕБА им препорачува на банките да се подготват за претстојната турбуленција со обврска „што е можно поскоро“ за изнаоѓање решенија за проблематичните должници.

Аналитичарите се согласуваат дека преструктуирањето на приватниот долг треба да се случи што е можно побрзо, бидејќи се достапни повеќе опции отколку во претходната финансиска криза.