Глобалниот пазар на рекламирање оваа година ќе се намали за скоро 12 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот, а враќање на нивото на пред-пандемија не се очекува до 2022 година, се вели во извештајот на агенцијата ВПП.

Рекламниот пазар обично ја отсликува состојбата на економијата, која потона во хаос во март бидејќи луѓето останаа дома и компаниите ги затворија своите врати за да го запрат ширењето на коронавирусот.

Пандемијата се очекува да ги погоди економиите ширум светот потешко од финансиската криза во 2008 година, додека падот на пазарот за рекламирање, кога се исклучени политичките реклами во САД, треба да биде нешто поумерен, оценува промотивната агенција ГрупМ, дел од медиумскиот гигант ВПП.

Тие тврдат дека мерките за блокада најтешко ги погодија малите бизниси, кои сочинуваат само дел од рекламниот пазар.

Падот дополнително беше ублажен со тоа што многу компании во борба за опстанок прибегнуваат кон трговија преку Интернет, и логично е дека има реклами и на тој канал, објаснува лидерот на ГрупМ, Брајан Визер.

Најголем пад ќе биде телевизиското рекламирање, кое се забавува долго време и рекламирањето на отворено (ООХ), како што се билбордите, бидејќи луѓето остануваат во затворено.

Телевизиското рекламирање се очекува да падне за 17,6 проценти оваа година и рекламирање на отворено, кога се исклучени политичките реклами, за една четвртина, пресмета ГрупМ.

Се очекува дигиталните реклами да паднат 2,3 проценти и да сочинуваат 52% од пазарот за рекламирање оваа година, што е пораст од 48% лани. Компаниите инвестираат повеќе во дигитални реклами, бидејќи тие обично се поевтини од телевизијата и кампањата е полесна за започнување и откажување.

Заздравувањето на глобалниот пазар на рекламирање е предвидено да започне следната година, со проценета стапка на раст од 8,2 проценти. Проценките на ГрупаМ покажуваат дека враќањето на нивото на пандемија не треба да се очекува пред 2022 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк