„PayPal” ја купува израелската компанија „Curv” за околу 500 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.

Тоа и не би била некоја сензационална вест ако не се знае дејноста на израелската компанија. Компанија „Curv” се занимава со складирање и чување на криптовалути, што беше наведено како последно во низата потези што укажуваат на се поголемиот интерес на „PayPal” за криптовалутите.

„PayPal” овозможи купување на криптовалути во четвртиот квартал од 2020 година, зголемувајќи ги ограничувањата за набавки од 10.000 на 15.000 долари во ноември поради непредвидена побарувачка.

„Curv” собра 23 милиони долари минатата година за да продолжи да ја опслужува институционалната побарувачка на биткоини, а меѓу инвеститорите спаѓаат и „Coinbase Ventures” и „Digital Currency Group“.