Никола Јошевски е генерален директор на финансиското друштво „СН ФИНАНСИИкое постои пет години на пазарот и е прво финансиско друштво кое започна да работи он-лајн со 100% домашен капитал. Со него разговаравме на една нова атрактивна тема за нашиот регион: P2P (Peer-to-Peer) платформи.

Peer-to-peer lending: Што е тоа и како функционира во светот, кои се предностите и дали Македонија е подготвена за ваква новина

Што е точно Р2Р?

Р2Р позајмување (eng. peer-to-peer lending ) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите.

Овој деловен модел е составен од три страни и тоа заемопримачи, платформа и инвеститори. Во последно време како заемопримачи се вклучуваат и разни кредитни институции кои ги отстапуваат своите побарување по кредити пласирани кон трети лица, а од другата страна привлечени од високите приноси кои стигнуваат и до 14% и од релативната безбедност на инвестицијата и стабилност на приносот на страната на инвеститорите се јавуваат и институционални инвеститори како инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови кои инвестираат во тие побарувања. Овој тренд го надградува бизнисис моделот, го прави по институционален и овозможува брз раст на самиот модел затоа што на страната заемопримачите овозможува брза и транспарентна постапка за стекнување на финансии, а на страната на инвеститорите пружа можност за поголема стабилна заработка во споредба со депозитите во банка и приносите од акциите на берзите.

Постапката за peer-to-peer финансирање започнува кога ќе се пријавите на одредена платформа и кога ќе го вложите износот кој сакате да го позајмите. Тогаш започнува процес со понуда на заем од страна на заемопримателот кој бара финансирање, најчесто на платформата веќе има понудени заеми од кредитни друштва и Вие треба само да одберите кој заем да го купите. Со оглед на фактот што целиот процес се одвива он-лајн, станува збор за дигитална трансформација на целокупното финансиско работење-Fintech.

На Р2Р платформите можете да позајмувате на поединци, на помали комапнии, па и на на некои средни компании.

Или уште појасно, сајтовите за Р2Р делуваат како финансиски пазар. Тие ги собираат луѓето и компаниите кои сакаат да позајмат пари со оние кои бараат заем.

 

За нас е ова прилично ново, но почетоците на Р2Р не се така нови?

Директното или взаемното Р2Р финансирање се развива од појавата на првите такви интернет платформи, британската „Zopа“ и американскиот „Prosper Maketplace“ кои започнаа во 2005, односно 2006. Меѓутоа, акцелератор на развојот беше глобалната финансиска криза 2008-2009. Во тоа време банкарското кредитирање беше скоро парализирано со оглед на тоа што кредитните ризици станаа големи и тешко беше да се предвидат. Истовремено, централните банки во Европа, САД и Јапонија започнаа да спроведуваат политика нулта па дури и да воведуваат негативните каматни стапки, како би го стимулирале кредитирањето. Според монетарната теорија, таквата политика требаше да ги извлече стопанствата од кризата. Меѓутоа, се покажа дека тоа не е толку корисно. Парите или останаа на сметките на комерцијалните банки или се слеваа на берза, готово без никаков влез во реалната економија.

Физичките лица, малите и средни комапнии имаа двосмислена ситуација, ако постоеше инвестициски капитал немаше можност да се вложи (надвор од берза) со принос кој би ја надминал инфлацијата. Од друга страна, кога парите беа потребни за развој на мала компанија или за трошоци, беше тешко да се позајми. Во такви ситуации идејата за Р2Р финансирање беше многу конкуретна бидејќи на инвеститорите и на претприемачите им овозможуваа директна интеракција. И така започна побарувачката за такви платформи.

На почеток инвеститорите финансираа само физички лица, но после кризата тој модел е пренесен и применет за финансирање и на мали и средни компании.

 

После 2010 година Р2Р финансирањето почна да цвета во Кина. Прилично брзиот развој таму со годишен раст на пазарот од 150-200% од 2013-2017 се случи заради слабиот пристап на жителите до кредити. Кинеските банки главно се фокусираа врз државните комапнии. Па така за Кинезите моделот Р2Р изгледаше уште попривлечен, отколку за Европјаните и Американците.

Во 2016 година имаше 2.500 Р2Р платформи. И овој пазар во оваа сфера е најголем во светот. Во 2020 година онлајн Р2Р платформите во Кина остварија обрт од 251,9 милијарди американски долари. Во Европа, најголемиот пазарен удел во овој бизнис модел има Велика Британија, со неверојатни 72,5% од пазарот, следна е Германија, а во последно време и балтичките земји како Естонија и Латвија забрзано се приклучуваат во овај бизнис.

Како Р2Р може да им помогне на малите компании?

Пристап до изворите за финансирање на обртни средства за финансирање на тековното работење е еден од темелните проблеми со кои се среќаваат малите и средни комапнии, особено во банкоцентричните финансиски системи, каков што има и Македонија.

Ковид здравствената криза, дополнително го отежна пристапот до изворите на финансирање и во голема мерка влијаеше на ланецот на снабдување и навиките за плаќање кај бизнис субјектите.

Познато е дека најголемото ограничување кај банкарските кредити е обезбедувањето (хипотеки, меници … ), претераната документација, како и долготрајниот процес во донесувањето на одлуките.

Од друга страна, некои физички лица и компании едноставно не се доволно кредитоспособни и како такви немаат пристап до изворите на финансии кај традиционалните финансиски институции, па затоа бараат решенија кај алтернативните понудувачи на финансии.

Предностите на финансирање на физичките лица и компаниите со Р2Р платформата е тоа што е онлајн, нема трошоци за отварање и водење на сметки, нема голема администрација и документација, а тоа привлекува многу физички лица и компании кои имаат негативни искуства со банкарската бирократија и долготрајните процедури.

Р2Р платформите се достапни 24-7 и не ви е потребен личен контакт.

ОВА ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ЕДНОСТАВНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО И Е ОДЛИЧНО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ФИНАНСИСКИ РЕШЕНИЈА, КОИ СЕ, ОДНОСНО НЕ СЕ, ДОСТАПНИ ЗА МСП НА ПАЗАРОТ.

Дали сметате дека е можно да се профитира од ова, со оглед на состојбата на пазарот и бавното закрепнување после здравствената криза?

Влијанието на епидемијата неповолно се одрази врз стопанството, доста луѓе изгубија работа, а голем е бројот на компании кои бараат дополнителни можности за финансирање за тековно работење, но и покрај тоа, се очекуваат спротивни позитивни трендови и враќање на кривата на раст, па и на оптимизам.

Ова е и период на можеби историски најниските каматни стапки на депозитите во банките, во регионот постепено се воведуваат и негативни каматни стапки за држење на одреден износ на депозити во банките, инфлацијата е тука, а се поголемото барање на вложувачи за квалитетни приноси, меѓу кои има компании со вишок парични средства, додатно поттикнува парите да ги вложуваат во алтернативни модели на вложувања, како што е вложување во краткорочни барања за заеми до физички лица и малите и средни препријатија. Оттука Р2Р платформите стапуваат на сцена.

Со вложување по пат на Р2Р се отвара еден идеален начин да се одржи вредноста на вишокот ликвидни средства и покрај тоа уште нешто дополнително да се заработи.

Колку е безбедно инвестирањето преку P2P платформи?

Како што напоменав, кај P2P платформите веќе се јавуваат како заемопримачи кредитни друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите. Најчесто овие друштва нудат „ Buyback guarantee“ со тоа тие всушност нудат откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредитот не им платил рата од 60 до 90 денови. Оваа гаранција ги прави платформите доста сигурни и стабилни модели за инвестирање и затоа секаде во светот како инвеститори пучнуваат да се јавуваат инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови

Дали постои македонска P2P платформа?

Предизвик е да се работи на овој концепт кој е реално нов на нашиот пазар, а светот веќе го владее, но физичките лица и комапниите набрзо ќе ги увидат предностите и тоа ќе го добие потребното внимание на пазарот. Плус, општата ситуација во која сме и ние и светот, за која погоре зборував е уште една отскочна штица за секторот, така што Р2Р заемите, реално сакаат кризи. Тоа значи времето за ваков проект е сега.