Peer-to-peer lending: Што е тоа и како функционира во светот, кои се предностите и дали Македонија е подготвена за ваква новина

Никола Јошевески е генерален директор на финансиското друштво „СН ФИНАНСИИ“ кое постои пет години на пазарот и е прво финансиско друштво кое започна да работи он-лајн со 100% домашен капитал. Со него разговаравме на една нова атрактивна тема за нашиот регион: P2P (Peer-to-Peer) платформи.

Што е точно Р2Р?

Р2Р позајмување (eng. peer-to-peer lending ) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите.

Овој деловен модел е составен од три страни и тоа заемопримачи, платформа и инвеститори. Во последно време како заемопримачи се вклучуваат и разни кредитни институции кои ги отстапуваат своите побарување по кредити пласирани кон трети лица, а од другата страна привлечени од високите приноси кои стигнуваат и до 14% и од релативната безбедност  на инвестицијата и стабилност на приносот на страната на инвеститорите се јавуваат и институционални инвеститори како инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови кои инвестираат во тие побарувања. Овој тренд го надградува бизнисис моделот, го прави по институционален и овозможува брз раст на самиот модел затоа што на страната заемопримачите овозможува брза и транспарентна постапка за стекнување на финансии,  а на страната на инвеститорите пружа можност за поголема стабилна заработка во споредба со депозитите во банка и приносите од акциите на берзите.

Постапката за peer-to-peer финансирање започнува кога ќе се пријавите на одредена платформа и кога ќе го вложите износот кој сакате да го позајмите. Тогаш започнува процес со понуда на заем од страна на заемопримателот кој бара финансирање, најчесто на платформата веќе има понудени заеми од кредитни друштва и Вие треба само да одберите кој заем да го купите. Со оглед на фактот што целиот процес се одвива он-лајн, станува збор за дигитална трансформација на целокупното финансиско работење-Fintech.

На Р2Р платформите можете да позајмувате на поединци, на помали комапнии, па и на на некои средни компании.

Или уште појасно, сајтовите за Р2Р делуваат како финансиски пазар. Тие ги собираат луѓето и компаниите кои сакаат да позајмат пари со оние кои бараат заем.

Остатокот од текстот прочитајте го на БанкоМетар.мк