Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку јавно наддавање издава под закуп деловен простор со вкупна површина од 1.792 квадратни метри, кој се наоѓа во пензионеските домови и клубови на пензионери во Скопје, Гостивар и Делчево.

Почетната цена за просторот се движи од 45 до 1.204 евра зависно од големината на просторот и местоположбата.

Преку наддавање ќе се издаваат 15 квадратни метри простор во Пензионерски дом во Автокоманда како и во гостиварскиот Пензионерски дом – Цвет во кој се издавааат 571 м2 на приземје и 103 м2 во подрум.

Во Делчево, пак, се издава простор во деловен објект и тоа на приземје од 90 и 64 квадратни метри.

Истовремено во Клубот на пензионери во Делчево се издава просторија од 17 квадратни метри која се наоѓа на приземје како и 730 квадратни метри на приземје и 205 квадратни метри подрумска просторија.

Заинтересираните покрај другите услови треба да поднесат и банкарска гаранција од 2 отсто од вредноста на закупот.

Јавното наддавање е закажано за 23 август.