businessmanДве реченици со кои може најдобро да се опише претприемништвото: “Претприемништвото е лудило. Еден ден ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот, а следниот ден ќе посакате да ве нема. “

Доколку сакате да бидете подобар претприемач, важно е да ги разберете следните работи:

  1. Не се врти се околу вас – Еден ден може да ве крене до небото, а  веќе следниот ден да завршите на дното. Во бизнисот е исто и затоа треба да знаете дека целиот свет не се врти околу вас и вашата компанија. Исто така, постојат други луѓе, па затоа релаксирајте се и споделувајте.
  2. Вие не можете се сами – Една од најголемите грешки што претприемачите ги прават е тоа што сметаат дека можат да ги спроведат сите идеи на дело и дека нивните идеи се најдобри. Наместо да правите ваква грешка, здружете се со квалитетни и креативни луѓе кои можат да ви помогнат многу.
  3. Вашите клиенти не се грижат за вашиот производ – Важно е да се каже – за сега! Иако вашиот производ можете да го направите совршен, се додека тој не е во корист на желбите на вашиот клиент, приказната не е завршена. Затоа, важно е да разбирате кои се реалните потреби на поединецот со цел да обезбедите квалитетен производ.
  4. Успехот не доаѓа веднаш, но тоа е во ред – Не можете да кажете дека колапсот на компанијата или бизнисот е вашата судбина, но сепак ќе доживеете мали падови. Никој не го посакува тоа, но тоа е дел од патот до поголеми нешта. Сетете се на поговорката “Патот до ѕвездите не е секогаш рамен, туку може да биде и трновит.”
  5. Можеби никогаш нема да се збогатите – За успех во бизнисот е потребно време. Иако на многумина им се чини дека некои луѓе успеваат “преку ноќ”, вистината е дека зад нив има години напорен труд и работа. Иако вашиот успех можеби нема да се мери во милиони, тоа не значи дека тој не е заслужен и вреден.