Како што навлегуваме и официјално во летото, така и растат температурите но и потребата за освежување на семејниот буџет со средства за одење на одмор, тимот на БанкоМетар.мк состави листа на најдобри и најдостапни туристички кредити кои моментално се нудат во нашата земја. 

Одиме со ред, и почнуваме според нашето рангирање, на најдобри туристички кредити и понуди на пазарот за лето 2019:

  1. Убедливо најдобри, со најдобри стапки и најлесен начин за аплицирање за туристички кредит се СН Финансии со туристичкиот кредит до 40.000 денари и рок на отплата до 12 месеци. Овој кредит нема камата – 0% и нема административни трошоци , па враќате колку што сте подигнале. За кредит од 30.000 денари , за 12 месеци ќе вратите повторно, неверојатни, 30,000 денари. Ова друштво исто така нуди соработка и туристичката агенција ЈК травел, преку која генерално ви се покриени сите дестинации за одмор. Двете компании се супер професионални.
  2. Следен на листата е туристичкот кредит на Халк Банка: Со одлични услови – износ до 120.000 денари, рок на враќање 12 месеци, номинална каматна стапка од 6% или СВТ од 6,14% што го прави многу евтин и крајно достапен. Се разбира, Халк Банка е секогаш добра дестинација за клиентите.
  3. Следен на листата е турстичкиот кредит на Комерцијална Банка : Со износ до 3,000 ЕУР и можност за враќање до 36 месеци и каматна стапка од 5,9% и СВТ од  6,71% овој кредит е сосема солидна опција истотака.
  4. Туристичкиот кредит на Еуростандард Банка со солидни перформанси : Износ до 150.000 денари, времетрање на кредитот до 36 месеци и каматна стапка од 10,5%.

Погоренаведените кредитни продукти, се за жал, целокупната понуда на кредити од ваков тип т.е. туристички кредити Подредени се исто така по достапност и цена на чинење т.е. камата и Стапка на Вкупни Трошоци (СВТ).

Многу е важно секој работен човек, еднаш годишно да оди на одмор. Одморот е добар и за него и за неговото семејство. Доколку не сте во инстант можност за тоа, може да разгледате некоја од горенаведените понуди.

 

Со почит,

Наум Димитровски