Со бескаматните кредити нема ништо да се постигне, освен што ќе се намалат трошоците на државата, реагираат од конфедерацијата на работодавачи. За да ги добијат овие пари компаниите во време на пандемија се обврзуваат да исполнуваат многу услови. Поради тоа дел од работодавачите нема да може да дојдат до помош и ќе мора да отпуштат дел од работниците кои досега со субвенциите за плати успеваа да ги задржат на работа.

Бошков смета дека мерката субвенции треба да продолжи да се применува се додека компаниите не застанат на нозе и тоа без да се менува моделот.

На можноста за промена на мерката освен бизнис заедницата реагираа и синдикатите. Од ССМ тврдат дека со измените ќе се отвори простор за манипулација со работниците.

Од Владата сеуште нема одлука дали во новит пакет ќе има субвенции или кредити, но уверуваат дека моделот ќе биде креиран според потребите на економијата.

Новиот пакет помош се очекува да биде објавен следната недела.