СДСМ денеска со соопштение до јавноста.

По 13 години Република Северна Македонија конечно има подобрување на кредитниот рејтинг, откако Агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед.

Во извештајот на Фич се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините.

Подобрениот кредитен рејтинг ја враќа довербата во економијата и уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати односно подобар животен стандард за граѓаните.

Ова е показател за успешноста на економските политики и истовремено е дополнителен мотив реформите да продолжат, како и охрабрување на домашните и странски инвеститори дека земјата е на добар пат, економијата е стабилна и се движи во нагорна линија.

По добивањето на најпозитивниот извештај од ЕК, интензивната ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, подобрувањето на кредитниот рејтинг е последна потврда дека државата оди напред.