Најголемите крипто-валути продолжуваат со загубите на вредноста во тргувањето во понеделникот претпладнето, покажуваат податоците од берзите, како реакција на дополнителните мерки кои властите во Јужна Кореја ги преземаат за регулирање на пазарот со виртуелните валути.

Според најавите од јужнокорејската влада, нивната цел е „колку што е можно повеќе да се намали обемот на пазарот на криптовалутите“, поради тоа што целосниот прекин бара дополнително време.

Јужна Кореа се претвори во центар за тргување со криптовалути и на оваа земја денес отпаѓаат 20 до 25 отсто од светските трансакции со биткоинот. Тоа е десет пати повеќе отколку уделот на Јужна Кореја во светската економија. Се проценува дека околу милион граѓани на Јужна Кореја, многумина меѓу нив и мали инвеститори, поседуваат биткоини а побарувачката е толку голема што цените се за околу 20 отсто повисоки отколку во САД, кои се најголемиот пазар за оваа криптовалута. Во земјата постојат околу 20 виртуелни трговски берзански платформи. Во декември обемот на трансакциите изнесувал 52,2 милијарди долари.

Според податоците на CoinMarketCap, биткоинот поевтинил за 2,6 отсто, на 13.800 долари. На берзата OKEx, најпопуларната виртуелна валута загубила 5 отсто од вредноста, на 13.490 долари, а на платформата Bitfinex за 1,5 отсто, на 13.600 долари. Според податоците на порталот Coindesk, пак, биткоинот во понеделникот утрото забележал раст од 0,1 отсто, на 13.600 американски долари.

Аналитичарите сметаат дека следното психолошко ниво ќе се закотви на 10.000 долари, што е пониска вредност отколку што со крипто-валутата се тргуваше во ноември минатата година, иако во текот на изминатиот викенд нејзиниот курс го надмина нивото од 14.500 долари.

Од друга страна, пак, експерите на американската банка „Goldman Sachs“ сметаат дека биткоинот може да го зафати местото на „реална“ валута во некои земји. Банкарските стручњаци Зак Пандл и Чарлс Химелберг истакнуваат дека во САД, каде што трошоците за трансакциите се ниски а доларот е стабилен, критопо-валутата не може целосно да го постигне својот потенцијал

Истовремно, на пример, во некои земји во Африка, како Демократска Република Конго, каде што 90 отсто од депозитите и кредите се во странски валути, или во Зимбабве каде што од 2015 година, главно, локалната валута е исклучена од обртот, криптовалута може да најде примена, сметаат аналитичарите на „Goldman Sachs“. Покрај тоа, криптовалутите, според нив може да бидат корисни онаму каде што владите наметнуваат строги ограничувања на прометот со срански валути.

Што се однесува до другите криптовалути Ethereum поевринила за 2 отсто, на 1.350 долари, Ripple паднала за 4,1 отсто до 1.860 долари, Bitcoin Cash за 4,1 отсто на 2.550 долари. Капитализацијата на пазарот на крито-валутите изнесувае во понеделникот 707,54 милијарди долари, од што на биткоинот отпаѓаат околи 33 отсто.

15.01.2018