Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, утрово забележа раст од 6 проценти, по неколку дена во текот на кои вредноста главно паѓаше, дури и под 50.000 долари.

Цената на дигиталната паричка во изминатите 24 часа се движеше помеѓу 47.000 и 53.000 долари, а моментално биткоинот вреди околу 52.660 долари.

Втората најпопуларна крипто валута, ethereum, во моментов расте значително за 12 проценти, приближувајќи се до 2.500 долари.

Потсетуваме, биткоинот доживеа голем пад на вредноста само во текот на изминатите неколку дена, бидејќи неговата цена беше малку повеќе од 47.000 долари во петокот.

Една недела порано, цената на криптовалутата „падна“ од 60.000 на 52.000 долари за само 15 минути.

Пазарната капитализација на биткоинот во моментов е околу 990 милијарди долари.