По пауза од шест години, на охридскиот аеродором повторно слетаа првите гости од Србија.На македонско тло,во туристичката мека Охрид, се симнаа 57 патници, меѓу нив имаше и странци како и нашинци кои печалат во туѓина и за нив ова е одлична можност да дојдат дома за многу кратко време, избегнувајќи ги долгите патувања со автобус по македонските патишта.

Беше одлично,брзо и кратко.Тука живеат нашите баба и дедо така што ние секоја година доаѓавме, но до сега не можевме да доаѓаме со авион, моравме со автомобил. Од Њујорк слетав Белград и за околу еден час, еве ме во Охрид, одлична релација. Добро е што повторно имаме директен лет од Белград за Охрид,за нас иселениците кои што доаѓаме на одмор доста ни е скратен летот од Скопје до Охрид.Пет часа враќање и доаѓање го надохнадуваме со само еден час од Белград до Охрид

Оваа линија е од големо значење и за Македонија и за Србија, ќе има летови четири пати неделно, во понеделник, среда, петок и сабота.

  “Мислам дека термините се добри за туристите и тоа што уште сега го гледаме по бројот на резервации за целата летна сезона, голем број патници од Србија ја користат оваа линија за Охрид, така што може да се очекува раст од наши туристи. Но, исто така гледаме и голем број на транзитни патници кои преку Белград, користејќи ја нашата мрежа дали кон Северна Америка или Западна Европа патуваат преку Белград и ја користат оваа линија за Охрид”-рече Бошко Рупиќ,директор  на Air Serbia

Оваа рута ќе биде поатрактивна опција  за туристите од Србија кои ќе може да пристигнат со авион во Охрид за само час и половина, што е побрзо и полесно патувањето за разлика од патувањето со автомобил како што покажуваат и многу истржувања-истакна првиот човек на ТАВ Македонија,Неџат Курт.

“Ние како ТАВ,како аеродоромски оператот сме убедени дека ова повторно воведување на летовите Ер Србија на релација Белград-Охрид-Белград ќе им користи не само на патниците кои патуваат за одмор, туку и ќе го олесни економскиот раст, културната размена меѓу блиските соседи Србија и Северна Македонија”-рече Курт.

Одлуката на Ер Србија дополнително придонесува за зголемени операции во текот на летната созона на охридскиот аеродорм и додава голема вредност за туризмот во Охрид и околината-цени директорот на ТАВ Македонија.