Некогаш си мислам, многу сериозно ги сваќаме работиве. Работиве и луѓево. Треба да опуштиме малку. Треба да излеземе во природа, запролети, расцвета природата, сонцето конечно се откри, мириси не опиваат. Џабе седиме во 4 ѕида, беспредметно анализираме глупости и уште поглупи личности. Едноставно, тоа што не се прчело – не се козит. Тоа ти е…

Гледајќи ги нашиве „видни“ фаци кои по цел ден маршираат по ТВ каналиве, уствари, согледуваш дека ова е еден стихиен, неорганизиран, do-it-yourself циркуз, во кој сите циркузанти, на било кој начин, гледаат да изверглаат, да пополнат време и место и да дочекаат први, да ја земат платата и повторно да се покријат дома со ќебето на бламот и скришно да прдат до следната сеанса. И така секој ден. Форма без суштина, тие уствари, нашиве водачи, се survivors. Преживуваат. Оди на работа, избегавај ударци, ескивирај прашања каде немаш одговор поради твојата ограниченост и игнорантност, преживеј, врати се дома и наполни го со тестенини шкембето. Тоа е… Ниту мисла водилка, ниту заеднича идеја или кауза,,, Сламарици….

Единствени, побудали од нив, сме ние ретардираниве, кои во удобноста на домот и немирот на интелектуалниот револт, чекаме како пастрмка во татиљ, да се исфрли некаква идеја или решение… магично… Абре нема луѓе… нема ни да има во подалечна иднина… Едноставно толку ни е капацитот… Тоа е … Тогаш сваќам уствари, во овој наш јужњачки блуз АКА Шериф Бајрамович : I got nothing to loose…

Нашево водство, политичко, економско, образовно и какво сакате едноставно нема што да загуби. Се погодиле каде што се преку лакејство, фелацио и вујнинско-тетински роднински врски и идеологијата е мртва. Истиве стари прдежи изгледа ќе ги гледаме со децении. Тие ни се максимумов на античкава цивилизација. Ги гледам сношти на Телма старото прдало професор Узунов и една помлада цица-маца професорка пајдисана со Македонија2025. Истиот муабет го верглаат како од минатите емисии. Истушени гуми за спасување. Мислиш ќе добијаш нешто продуктивно, овие само ценат, само мислат, само се надмудруваат, фејк интелектуална бижутерија од највисок ранг, сличен на платата која ја примаат во ова шверцерско општество.

Вртам канал, го гледам лимениот војник кој ни е министер за финансии… Празно множество.. Над деценија е во владата, уште официјалниот јазик саглам не го научи… И сега си викам, овој ќе ни ги среди финансиите?

Вртам нов канал, ванаби кул тетовиран плагијатор, кој се евакуира во ФИТР мудрува за некои тезги во Тинекс поддржани од ФИТР. Стартап еко системот ќе го развиваме со зарзават на тезгите од Тинекс. Мора да е тука да зборува, што има да изгуби… може само да добие…

За политичкиве донамби не можам ни да се замарам… Немам капацитет да ги анализрам одново и одново стариве дотрајани износени гаѓи… т.е. политичари… Те Павле се јавил, те Мицко ги држи во форма фалангистиве со умрени протести без грам ентузијаза, те Заев ветува нешто, те Мила промовира содома и гомора во центарот на коњската метропола, те оној патриотскион лудак Пандов нешто се дере, те Миленко нешто отвара нови блокирани профили, те оној масоникон од вемеро во парламентот нешто му се стега на Таљат, а овај го откачува како задња дроља, па Рашела нешто мудрува и кажува фори од пред пола век а соговорникот некој клапсомун од Куманово зоба нешто цело време видно возбуден… Абре бруки…

Затоа луѓе, не се замарајте… Да имаме убав викенд и убави празници… Удри гудру на весеље… Овие луѓе се случајно овде и немаат никаква ни важност ни тежина. Излезете во природа, поуживајте со семејството, и набљудувајќи ја целава ситуација нека ви текне на овие зборови: Почиње и партија, пуштају јужњачки блуз, Шериф Бајрамовиќ: I got nothing to loose.

Отстрана гледано, ние вака им изгледаме на опсерваторите… Јужњачки блуз 🙂

 

Наум Димитровски