Започна пумпањето гас во „Северен тек 2“, беше објавено денеска од руската компанија „Гаспром“.

Гасоводот, чија изградба заврши минатиот месец, треба да транспортира 55 милијарди кубни метри гас годишно од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

Гасоводот прво мора да се наполни со гас за да започне протокот.

Проектот „Северен тек 2“ предизвика затегнати трансатлантски односи, а критичарите веруваат дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од енергијата на Русија.