Премиерот Димитар Ковачевски ги објави мерките од деветтиот антикризен пакет што Владата го усвои на денешната седница.

Според Ковачевски со овој пакет мерки ќе бидат опфатени над 187.000 пензионери кои во наредните пет месеци ќе добиваат дополнителна финансиска помош.

Па така, пензионерите со пензија до 14.000 денари, ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 по 2.000 денари месечно, а пак оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

Владата, за овој пакет мерки обезбедила 662 милиони евра, а неговата примена ќе започне веќе в петок, на први декември,