Цените на гасот и струјата за потрошувачите во Германија паѓаат, објави во понеделникот онлајн порталот за споредба на цените Verivox. На германските потрошувачи пак, им олесна гледајќи како се движат цените на храната, струјата и бензинот: тие веќе не растат, понекогаш дури и паѓаат. Многумина се прашуваат дали ова може да значи дека инфлацијата е при крај.

„Времето на рекордни цени е зад нас“, објави интернет порталот Verivox. Компанијата објасни како дистрибутерите почнале да ги пренесуваат намалените цени на енергетските производи на светските берзи кон крајните потрошувачи.

Сепак, како што се додава во исто време, цените сè уште остануваат на историски високо ниво.

Овие цени, сепак, сè уште се над горните граници (40 центи за струја, 12 за гас), над кои најголем дел од трошоците на корисниците ги презема државата, што беше одлучено минатата година како дел од пакетот мерки со кои германската влада одлучи да ги ублажи финансиските последици од инфлацијата и драматичното зголемување на цената на енергијата во сенка на рускиот напад врз Украина.

Во април стапката на инфлација изнесуваше 7,2 отсто, што е забележително пониско од ноември минатата година, кога ја мина границата од 10 отсто.