Мохамед бин Салман стана најмоќната фигура во светскиот фудбал во моментот кога одлучи да го купи англискиот Њукасл.

Покрај фудбалскиот клуб, богатиот саудиски принц ја поседува и најлуксузната и најскапата куќа на планетата.

Во 2015 година, тој купи прекрасен замок вреден 270 милиони евра, што се речиси парите што ги даде за купување на Њукасл, за што плати 350 милиони евра.

За некој чие богатство се проценува на 377 милијарди евра, таквите трошоци се ситница.

Замокот Луј XIV, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век и целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Винарска визба, внатрешни и надворешни базени, еден специјален со голема риба, ноќен клуб, соба за медитација и релаксација, кино, терен за сквош, соба за аквариум…

Куќата е полна со скапи уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Салватор Мунди“ вредна 400 милиони евра, што значи дека за неа платил повеќе од клубот.

Исто така, замокот има десет луксузни спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.

Покрај величествениот замок, Салман поседува и јахта долга 130 метри и вредна 530 милиони евра.