Покачувањето на пензиите е само статистичко, вели министерот за труд и социјала во техничката влада, Ѓоко Велковски. Тој посочи дека направена е пресметката за усогласувањето на пензиите и петте проценти кои пензионерите ќе ги добијат од следниот месец според него нема да донесат значително зголемување на примањата.