Веќе неколку дена половина од населбите во Скопје или немаат парно греење или имаат со многу слаба топлина, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинуваат дека додека народот смрзнува, Владата не презема ништо, туку се оградува и префрла одговорност кај фирми и општини.

„Градот Скопје и општините, не се ниту Регулаторна комисија за енергетика, ниту снабдувачи со топлинска енергија, ниту увозник на гас. А Владата е таа која има надлежност и може да преговара со сите овие чинители.

Кога сите земји во светот преговараа за ефтино снабдување со гас, Заев го инсталираше пиунот Ковачевски, и немаше кој да се грижи за снабдувањето со гас. Тоа предизвика и поскапување и недостаток. Владата е виновна зошто навреме не обезбеди енергетсла сигурност за државата“, стои во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата да не бега од одговорност и да отпочне со решавање на проблемот.

„Поскапувањето на парното и на струјата е проблем создаден од Владата, не е ниту од град Скопје, ниту од општините, а уште помалку од граѓаните“, велат од партијата.