Деновиве наназад разговаравме со повеќе фирми, сите кои имаат договори со фирми снабдувачи на електрична енергија добија поголеми фактури за над 50 до 70 отсто, дополнително им се раскинуваат и договорите кои ги склучиле минатата година, некои едноставно не можат и не смеат да прекинат со работа, намалувањето на трошењето (штедењето) на енергија, кое не е директно поврзано со производствените и базичните процеси на работа, незначително ја намалува потрошувачката, вели Миле Бошков од Конфедерацијата за работодавачи за „Локално“ за поскапувањето на струјата.

Според него, сите размислуваат на начинот каде да намалат на трошоци, некои кои можат бараат алтернатива во опремата (поефикасна со помали енергетски трошоци), некои реорганизираат производство, некои мислат да намалат на вработените, кај сите е различно и премногу специфично.

– Можеби не се во паника, но дефинитвно се загрижени, излезот е во сопственото производство, дополнително можност сите да произведуваат колку можат и колку е изводливо. Од друга страна, доколку не можеме да произведуваме, мора да купуваме на пазарот, а во ситуација тоа е според пазарната цена и нема големи отстапки и можност за попуст или повластени цени, додава Бошков.

 

Извор: Локално.мк