ИутеКредит Македонија го стави во употреба својот прв бескартичен банкомат со што стана прво финансиско друштво кое нуди ваков тип на услуга за своите клиенти.

Со ова иновативно решение, клиентите на ИутеКредит Македонија ќе имаат можност да подигнат готовина веднаш по одобрувањето на кредитот, само со внесување на бројот на кредит и код кој ќе го добијат на својот мобилен телефон.

Првиот бескартичен банкомат е поставен во експозитурата Парк во Скопје, а наскоро исти вакви банкомати ќе бидат поставени и во останатите експозитури во Скопје, Тетово, Куманово, Битола, Штип и Струмица.

ИутеКредит Македонија уште еднаш докажува дека е лидер на пазарот кога станува збор за финансиските друштва, секогаш нудејќи нови решенија за исклучително корисничко искуство.

ИутеКредит неодамна ја лансираше и мобилната апликација MyIute која овозможува апликацијата за кредит да ја направите целосно онлајн и од каде било – без потреба од физичко присуство и договори на хартија – и за само неколку минути парите да бидат на ваше располагање.

Отсега, средствата може да се подигнат и на бескартичните банкомати на ИутеКредит Македонија.