Гостиварската локална самоуправа со потпишувањето на меморандум за соработка со Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин Скопје“ ќе работи на проект за заштита на животната средина и вклучување на младите.

 

Меморандумот беше потпишан денес на средбата во кабинетот на гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари со претставниците на здружението „Go Green Skopje“.

 

Од општина Гостивар информираат дека меморандумот опфаќа: поддршка во спроведувањето на активностите од проектот „Млади за климатска акција и одржлив транспорт“, кој финансиски поддржан од Агенцијата за развој „СИДА“ од Шведска.

-Освен ова со меморандумот се остварува и поддршка во прибирањето предлози за зелени општини и одржлив транспорт, подобрување на комуникација и транспарентност кон младите. Здружението Go Green ќе дава и поддршка во имплементација на младински проекти, наведуваат од општина Гостивар

 

Гостиварската локална самоуправа, како што се наведува во соопштението и натаму останува отворена за сите невладини организации кои придонесуваат во различни сфери, а со оваа „Go Green Skopje“, меѓу другото, ќе помогне и во вклучувањето на младите во зелената младинска политика во општината. згм/ир

фото: Општина Гостивар

 

Гостивар, 10 април 2023 (МИА)