Ве известуваме дека денеска, 15.02.2021 (понеделник) со почеток во 11:30 часот претседателот на Владата Зоран Заев заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, ќе се обратат на прес-конференција за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.
Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти.
Договорот ќе го потпишат генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово Рене Ешеманн.Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на настанот, преку апликацијата Зум.
Новинарските прашањата може да ги испратите и по електронски пат на адресата на портпаролот на Владата [email protected] најдоцна 30 минути пред почетокот на настанот, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и до кого се однесува прашањето.