Биткоинот повторно започна да слабее, покажуваат најновите податоци. Падот на таа дигитална валута, забележан во четвртокот, 21 јануари, надмина 10% во рок од 48 часа

Цената на биткоинот падна за над шест проценти на 32.527 долари, што е првпат од 13 јануари да биде пониско од 33.000 УСД, објави веб-страницата CoinDesk.

Најпознатата крипто валута во светот имаше неколку недели раст, накратко достигнувајќи 41.940 долари овој месец. Сепак, повторно дојде до голем пад на вредноста, потсетува CNBC.

Etherium, втората крипто валута според пазарната вредност, исто така изгуби 10% во споредба со претходните два дена. Паричката достигна максимална вредност од 1.439 американски долари во вторникот, 19 јануари, според податоците обезбедени од Coin Metrics.

Вкупната пазарна вредност на сите криптовалути падна за повеќе од 100 милијарди долари во рок од 48 часа. Падна од околу 1,06 трилиони долари на скоро 949 милијарди долари.

Сепак, вредноста на биткоинот е сè уште е во плус, дури 150% во изминатите три месеци.

И покрај ова, скептиците се грижат дека биткоинот е само уште еден „меур на пазарот кој се чека да пукне“. Оваа криптовалута е позната по својата нестабилност. Нагло скокна на близу 20.000 УСД кон крајот на 2017 година пред да падне следната година на 3.000 долари.