Над 200 мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија успешно ги имплементираа инвестициските проекти и ја подобрија конкурентноста благодарение на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), преку Програмата за конкурентност на МСП. 

Овие резултати беа презентирани на денешниот настанот кој се одржа во Скопје, а на кој беа присутни Фатмир Битиќи, заменик потпретседател задолжен за економски работи, Мари – Маделин Канелопулу, раководител на одделот за операции во Делегацијата на ЕУ и Анди Аранитаси, претставник за Македонија, ЕБОР.

 

Програмата која започна во 2019 година, ги комбинира кредитите на ЕБОР и грант поддршката од ЕУ, за натамошно кредитирање на малите бизниси во партнерство со локалните комерцијални банки. Во вкупно 316 проекти, беа пласирани ЕУР 51 милион кредити за малите и средни претпријатија во Северна Македонија. Најголемиот број од овие инвестиции се од секторот производство, транспорт, малопродажба и услуги и храна, а над 60 од нив за МСП лоцирани надвор од главниот град, соопштија од ЕБОР.

МСП имаа можност да аплицираат за средства кои ќе ги инвестираат во нова опрема и надградба која може да им помогне да ја поттикнат продуктивноста, да ги намалат оперативните трошоци, да ја зголемат енергетската ефикасност и да го подобрат усогласувањето со ЕУ стандардите. Покрај кредитите, МСП имаа корист од грант поддршката која беше во износ до 15 отсто од вкупната сума на кредитот, финансирани од ЕУ

Со скорешното пристапување кон ЕУ, традиционалните економски врски ќе бидат во конкуренција со добавувачите на ЕУ. До крајот на октомври 2022 година, 91% од средствата за Северна Македонија беа алоцирани на клиенти, а беа поддржани 10,474 работни места. Благодарани сме на ЕУ и ЕБОР за имплементацијата на оваа програма и веруваме дека ќе имаме уште повеќе цели за остварување, кажа Битиќи.

Програмата за конкурентност на МСП се имплементира во земјите од Западен Балкна со цел да им помогне да го подобрат пристапот до финансии за локалните МСП. До денес, над 850 компании имаа бенефит од оваа регионална програма. Партнерски финанасиси институциии во Програмата за Северна Македонија се „Шпаркасе банка“, „ПроКредит банка“, „НЛБ Банка“, „Комерцијална банка“ и „Шпаркасе лизинг“.

ЕБОР до денес има инвестирано над 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата, со главен фокус врз развој на приватниот сектор.