Македонскиот центар за меѓународна соработка преку програмата „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога” објави јавен повик за доделување грантови, за кој денеска ќе се одржи информативна сесија на платформата ЗООМ.

– Целта на повикот е промоција на недискриминацијата, толеранцијата и еднаквоста преку водење на кампањи и промотивни активности во различни сектори и области на локално и национално ниво. На повикот може да се пријават организации кои се регистрирани согласно ЗЗФ најмалку две години пред објавата на повикот. Ќе се доделат најмалку шест грантови во износ до 6.000 евра (369.000 МКД) по грант, информираа од Граѓанскиот ресурен центар.

Рокот за поднесување на апликациите е до 25 ноември 2022 година, до 17:00 ч.

Програмата е финансирана од Европската Унија.