Акциите на американските берзи забележаа повторен пад на вредноста, иако веднаш по отворањето цената беше повисока.

Неделава беше турбулентната за индексот Дaу Џонс и Стандард&Пурс 500 кои паднаа на т.н. коригирана територија за прв пат во период од две години.

Претходно во денот и глобалните берзански индекси исто така затворија на негативна територија.

Распродажбата на акциите во САД започна пред една недела откако американскиот Оддел за труд објави дека платите во јануари пораснале значително, предизвикувајќи загриженост од повисока инфлација и намалување на корпоративните профити.

Европските пазари беа потресени и од сигналот од Банката на Англија, која најави можно зголемување на каматните стапки како одговор на силната глобална економија.

Многу набљудувачи очекуваа корекција и пад на вредноста на акциите од 10 проценти или повеќе бидејќи берзите во моментов се во средина на својот втор циклус на позитивен раст.

Берзанските пазари не забележале корекција во период од две години, што е невообичаен феномен.