Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за  работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.