Догодина земјава треба да врати поголем дел од долгот. Според пресметките станува збор за околу 800 милиони евра. Според експертите, со ова се отвара прашањето дали позајмицата од една милијарда евра од странска влада, која ја најави новиот мандатар Мицкоски, ќе се искористи за раздолжување.

Ако падне договор за да се земат овие пари, освен грејс периодот и висината на каматната стапка, многу е важно какви други услови ќе бидат поставени.

Сепак, според Треновски, на крајот е најважно каде ќе се искористат парите.

Но, познавачите сугерираат дека приоритет на идната влада треба да биде и корупцијата.

Пред исвесно време Мицкоски најави дека од странска влада ќе се позајмуваат една милијарда евра. Не откри од каде, само кажа дека станува збор за држава од Европа која нуди поволни услови. Според информации на Телма во преговорите за позајмицата учествувал и поранешниот министер за финансии Ставревски.