Гувернерот на австриската банка ги предупреди банките на Балканот да бидат внимателни кога ги одобруваат кредитите во странски валути.

Гувернерот на Австриската Централна банка, Евалд Новотни, за време на виенската конференција им препорача на банките кои работат во овие области да бидат исклучително рестриктивни во одобрувањето на кредити во странска валута.

“Изненадувачки е како побарувачката на кредити во странски валути повторно расте во Хрватска, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Полска” – рече Новотни во своето обраќање.

Истражувањето извршено минатата година од страна на австриската централна банка покажало дека неодамнешните мерки за олеснување на положбата на должниците во некои држави во средна и источна Европа ги зголемила очекувањата на должниците за следни слични акции.

“Иако очекувањата за спас од страна на државата не влијае толку на вкупната побарувачка на кредити сепак, значајно влијае на побарувачката на кредити во странски валути” – нагласи Новотни кој е функционер и во Европската централна банка.

22.01.2018 10:51