За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените, предупреди министерот Бектеши

Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта.

-За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да не ги намалат цените. Согласно Законот за трговија можеме да донесеме мерки во време на криза за замрзнување на цени, одредување на маржи, и слично. Ги имаме листите и Државен пазарен инспекторат ќе врши соодветни контроли, рече министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека веќе има тренд на намалување на цените на одредени производи.