На 02.02.2018 год., во Франкфурт на Мајна, Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА („ПроКредит“, со меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност – ИСИН DE0006223407), матична компанија на ПроКредит Групацијата, успешно го реализираше зголемувањето на капиталот, одобрено на 01.02.2018 година. Беа издадени вкупно 5.354.408 нови акции по цена од 11,40 евра, што резултираше со бруто зголемување на акционерскиот капитал на ПроКредит за околу 61 милион евра.

Новите акции беа пласирани со забрзана процедура, при што беа понудени на квалификувани институционални инвеститори. Акционерскиот капитал на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА се зголеми од 267.720.420 ЕУР на 294.492.460 ЕУР или, поточно, за 26.772.040 ЕУР од парични придонеси, не земајќи ги во предвид претплатничките права. Со оглед на големата побарувачка за нови акции, Управниот одбор и Надзорниот одбор на Прокредит Холдинг АГ&Кo. КГаА одлучија да го зголемат акционерскиот капитал од одобрениот капитал за 10%, наместо за 3%.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) впишала 40% од новите акции кои, по зголемувањето на капиталот, претставуваат 3,6% од целокупниот акционерски капитал на Прокредит Холдинг. „ПроКредит е наш долгогодишен партнер во трансакции со должнички и сопственички инструменти. Среќни сме што учествуваме во ова прво зголемување на капиталот спроведено преку пазарот на капитал, како поддршка на натамошниот раст на Групацијата и подобрување на пристапот на МСП-а до одговорно финансирање во земјите кадешто работиме. Прокредит Холдинг и понатака е еден од клучните партнери на ЕБОР во кредитирањето на МСП“, изјави Хенри Расел, Директор на Групата за финансиски институции на ЕБОР за Западен Балкан, Белорусија, Молдавија и Украина.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Џенерал Партнер АГ (ProCredit General Partner AG), (единствено одговорно управно тело на ПроКредит Холдинг АГ&Кo. КГаА), објасни: „Една година по запишувањето на акциите на нашата холдинг компанија на Франкфуртската берза, за првпат денес го искористивме пристапот до пазарот на капитал, со цел да го финансираме идниот раст на нашата банкарска групација. Мошне сме задоволни од успехот што го постигнавме со оваа мерка. Побарувачката за нови акции од Прокредит Холгинг значително ги надмина нашите очекувања. Го цениме фактот што Европската банка за обнова и развој инвестираше во голем број од новите акции. Успешниот пласман на новите акции за нас е јасен знак на доверба во нашата Групација и во нашиот начин на банкарско работење.“Врз основа на успешната мерка за зголемување на капиталот, ПроКредит планира и понатака да го продолжи растот на Групацијата и да го прошири работењето со МСП-а, главно од Југоисточна и Источна Европа.

Новите акции имаат право на дивиденда од 1 јануари 2017 год. и се очекува тие да бидат вклучени во постоечкиот список, во под-сегментот на регулираниот пазар (Prime Standard) на Франкфуртската берза на 7 февруари 2018 год.

Мерката за зголемување на капиталот беше пропратена од Беренберг (Berenberg), како единствен глобален координатор, од екинет Банк (equinet Bank), како заеднички сметководител,  и од Еконекст (Econnext), како советник.

За Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА

Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА, со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е матична компанија на развојно-ориентираната ПроКредит Групација, која се состои од банки фокусирани кон работа со мали и средни претпријатија (МСП) и чие работење е насочено кон Југоисточна и Источна Европа. Дополнително на оваа регионална фокусираност, ПроКредит Групацијата исто така е активна и во Јужна Америка и Германија. Со акциите на компанијата се тргува во сегментот Prime Standard на Франкфуртската берза. Меѓу клучните акционери на ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА спаѓаат стратегиските инвеститори “Zeitinger Invest” и “ProCredit Staff Invest” (кои ги сочинуваат инвестициските средства за вработените на ПроКредит), холандската фандација “DOEN Participaties”, “KfW Development Bank” и “IFC” (дел од Групацијата на Светска банка). Согласно Германскиот закон за банки, како надредена компанија, Прокредит Холдинг АГ&Ко. КГаА подлежи на супервизија на консолидирано ниво од страна на Германската федрална управа за финансиски надзор БаФин (Bundesanstalt fur Finanzdienstleistungsaufsicht, BaFin) и Германската Бундесбанк (Deutsche Bundesbank). Повеќе информации можат да се најдат на интернет страницата на компанијата www.procredit-holding.com.