Европските производители на автомобили се подготвуваат за побавен раст оваа година, откако продажбата падна за прв пат по 17 месеци во декември лани, поради намалениот ентузијазам за електрични возила.

Регистрациите на нови возила се намалија за 3,8 отсто, односно до 1,05 милиони единици минатиот месец, објави во четвртокот Европската асоцијација на производители на автомобили.

Продажбата опадна за речиси една четвртина на најголемиот пазар во регионот, Германија, откако истекоа стимулациите за електричните возила, што влијаеше на растот во другите клучни земји.