Четириесет до педесет денари по килограм чини патот на доматите од Струмица до Скопје. Доматите кои струмичките земјоделци ги продаваат од 20 до 25 денари, на скопските пазари достигнуваат цена од 60 до 70 денари…

Четириесет до педесет денари по килограм чини патот на доматите од Струмица до Скопје. Доматите кои струмичките земјоделци ги продаваат од 20 до 25 денари, на скопските пазари достигнуваат цена од 60 до 70 денари, што кажува дека продажната цена е трипати поголема од откупната цена на доматите.

Трајче Саздовски, долгогодишен трговец, продава и увозни домати од Албанија и Турција, но вели домашните се многу поквалитетни.

Пазарџиите велат дека понуда има, но нема побарувачка. Младите, кои се најголеми потрошувачи, се иселија, а повозрасните послабо купуваат-објаснуваат тие.