Ирската нискобуџетна авиокомпанија “Ryanair” во понеделникот објави дека нејзината годишна нето добивка е намалена за речиси една третина поради преголем капацитет во европскиот сектор за кратки дестинации, кој ги принуди превозниците да ги намалат цените на билетите.

Во деловната година до крајот на март профитот на Ryanair по оданочување падна за 29 отсто на 1,02 милијарди евра.

“Поради зголемувањето на капацитетот за кратки патувања и отсуството на Велигденските празници во четвртиот фискален квартал, цените на билетите паднаа за шест отсто”, рече извршниот директор Мајкл О’Лери.

Пониските цени привлекоа патници, чиј број се зголеми за девет проценти во текот на целата година на 142 милиони евра, изјавија од Ryanair.

Бизнис резултатите на ирскиот оператор беа погодени од минатогодишните штрајкови низ Европа, поради што тие мораа да ги откажат летовите и да понудат поголеми плати на вработените во трговските преговори.

Денес тие предупредија дека нивните изгледи во тековната финансиска година делумно ќе зависат од загриженоста. Ryanair е особено изложен од британските потешкотии поради напуштањето на Европската унија бидејќи Ryanair заработува една четвртина од нивниот приход на пазарот во Велика Британија.