Податоците на Државниот завод за статистика за исплатените просечни нето плати во март покажуваат дека и натаму на врвот се платите на програмерите на кои во просек им се исплатени 70.551 денари.

Во просек, со солидни 48.734 денари се вработените во областа телекомуникации, додека пак во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат просечна плата од 46.501 денари плата.

На дното, пак, се платите на работниците во кожарската индустрија каде што просекот е 16.016 денари, а најзасегантите дејности од пандемијата: туризмот и угостителството во март исплатиле просечна плата од 17.280 до 17.921 денари.