Програмерите земаат највисоки плати во земјава. 

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека највисоката просечна нето плата во ноември е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 74.062 денари.

Зад нив следи Воздухопловен транспорт  со плата од 52.032 денари, понатаму се Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 47.086 денари,

Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари.