Многу врева за ништо – вака експертската и бизнис заедницата го оценуваат прогресивниот данок. Ефектот од неговото воведување во првите месеци се мали.

Анализата на економскиот институт Фајнанс тинк за раните ефекти од новиот начин на даночење покажуваат дека реформата дава очекувани резултати велот на намалувањето на сиромаштијата, но нема значајно намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

Пресметките во студијата покажуваа дека годинава најбогатите домаќинства ќе имаат за 0,6% помал вкупен доход од прогресивното даночење, а ефектот во буџетот ќе биде нецели 20 милиони евра што е 5 милиони помалку од очекувањата на Владата.

Од ИТ секторот кој се сметаше за најзасегнат од новиот данок велат дека последиците се чувствуваат кај постарите, поискусните работници кои имаат плати над границата од 90.000 денари, а тие се 30% од вкупниот број работници во секторот.

За експертите прогресивниот данок е токму многу врева за ништо затоа што не прави вистинска разлика меѓу меѓу луѓето со високи и со средни примања. Во земја во која 90% од вработените имаат плата до 500 евра, немате кого да даночите, вели универзитетскиот професор Петревски. Друг проблем според него е луѓето со плата од 1500 евра не се богати, туку во земја што сака во ЕУ треба да се средна класа.

Министерот за финансии и вчера и денеска повтори дека даночната реформа е успешна и дека растот на приходите до мај од пресонален данок изнесува 17,4% споредено со истиот период лани.

Позитивните бројки кај намалувањето на невработеноста и растот на платите покажуваат дека тезите за поголемо иселување и зголемена даночна евазија заради новиот данок се покажале како погрешни.