Сончогледот кој се користи за производство на масло за јадење е се уште луксузен производ и четири месеци откако за ова реагираа и земјоделците и откупувачите. Ставката од 10 отсто за ДДВ го прави овој производ скап.

оради тоа, велешки Кристал, кој е едиствениот откупувач во земјава, на земјоделците не може да им понуди повисока цена, оти нивото масло ќе стане неконкурентно. Земјоделците пак, се жалат дека поради тоа, нивната работа станува нерентабилна.

Првиот човек на велешки Кристал Горанчо Лазов вели дека наместо сончогледот, со 10 отсто треба да се оданочи рафинираното масло.

На инсистирање на раководството на велешка Маслодајна, пред неколку години сончогледот се врати на македонските полиња, а увозот на сончогледово зрно се намали. Поради лошите временски услови, но и високите даноци, лани производстовто се преполови. Поради тоа, земјоделците добија дополнителни субвенции од 5 денари по килограм од интервентниот фонд на Министерството за земјоделство. Вети дека барањето на земјоделците за намалување на ставката за ДДВ ќе се разгледа.

Одгледувачите на сончоглед бараат државата да направи долгорочна стратегија, со која нема да има огромни осцилации на откупната цена на оваа култура како што е сега. Лани велшки „Кристал“откупи пет илјади тони сончоглед, наспроти 11-те илјади претходната година. Ако сончогледот замине од македонските полиња, земјоделците ќе останат без работа, а Кристал повторно ќе почне да увезува рафинирано масло, што ќе ги доведе во опасност работните места на оние, кои во фабриката работат на преработката на сончогледот.