Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри во 2022 година.

Како што објави Евростат, трите најголеми производители на вино учествуваа со 83 отсто од производството во ЕУ.

Италија и Шпанија учествуваа со речиси пет милијарди литри, што заедно претставува 62 отсто од вкупното продадено производство во ЕУ, додека Франција произведе 3,4 милијарди литри или 20 отсто.

Други производители, кои надминуваат еден процент од вкупната количина во ЕУ, беа Германија со четири отсто, Португалија над два отсто и Унгарија под два отсто.

Водечки извозник на вино во 2022 година е Италија со извоз од 2,2 милијарди литри, што претставува 30 отсто од извозот на вино од ЕУ.

Членките на ЕУ минатата година извезле вкупно 7,2 милијарди литри вино.

Речиси половина, односно 3,2 милијарди литри или 44 отсто се извезени во земји надвор од Унијата.

Најмногу вино е извезено во Обединетото Кралство 0,7 милијарди литри или 23 отсто од извозот надвор од ЕУ, потоа САД 0,7 милијарди литри или 22 отсто, Русија 0,3 милијарди литри или 9 отсто и Канада 0,2 милијарди литри или шест отсто.

Најголеми извозници по Италија во 2022 година беа Шпанија со 2,1 милијарди литри или 29 отсто и Франција со 1,4 милијарди литри извоз или 19 отсто.