Вкупниот промет на 500 најдобри компании во Централна и Источна Европа во 2019 година се зголеми за 5,5 проценти и изнесува 740 милијарди евра, а најголем приход и вкупен годишен раст на прометот остварија компаниите од Полска.

Ова го покажа истражувањето на компанијата Кофајс, во кое се наведува дека овие компании најдобро ги искористиле поволните услови обезбедени од деловното опкружување.

Деловните сектори кои ги заземаа водечките позиции при претходното рангирање ќе ги заземат првите три места во 2019 година – на прво место заземаат автомобилскиот и транспортниот сектор, по што следи секторот за нафта и гас, како и неспецијализираната трговија на големо.

Имено, 373 компании од таа листа (што претставува 74,6 проценти од вкупниот број на компании, во споредба со 79 проценти во 2018 година и 80 проценти во 2017 година) забележаа раст на приходите. Ова дополнително значи дека само 25,4 проценти од компаниите забележале стагнација или пад на приходите.

Просечниот промет на 500 најголеми компании се искачи на 1,480 милиони евра, наспроти 1,396 милиони евра во 2018 година.

Полска сè уште е на првата позиција во областа на Централна и Источна Европа, како според бројот на компании на списокот, така и според прометот, додека вкупните приходи на нејзините компании се зголемија за 6,6 проценти и изнесуваат 283,7 милијарди евра.

Второто место го зазеде Чешка, со вкупно 78 компании, чиј вкупен промет е 115,4 милијарди евра, што е за 2,3 проценти повеќе од претходната година.

Унгарија падна на третото место, сепак, вкупниот промет на земјата беше многу поголем од просекот на регионот, бидејќи порасна за 6,3 проценти.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк