Исклучително редок примерок од златник пронајден од колекционер во поле во англиската област Девон е продаден на аукција за 648.000 фунти или 772.000 евра.

Монетата на кралот Хенри III била кована од Вилијам Глостер во 1257 година од злато донесено од Северна Африка, пренесува Би-Би-Си.

Има осум такви монети и повеќето се во музеи.