Просечната плата во Македонија според последните статистики изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти.

Но доколку се направи споредба со 2012 кога Државниот Завод за Статистика измерил 20.857 денари просечна плата, растот на просечната плата е над 80 отсто во однос на тоа време.

Интересно е да се напомене дека и тогаш плаќавме скапи енергенси. На пример литар бензин во август 2012 година бил 88 денари.

Како растеше просечната плата низ годините?

Според податоците до кои дојде Centar.mk во ноември 2012 година просечната НЕТО плата инесувала 20.857 денари, додека минималецот бил нешто повеќе од 8.000 денари.

Во ноември 2014 минималната плата пораснала само 5 проценти за 2 години и изнесувала 21.588 денари.

Во 2015 просечната плата пораснала за неполни четиристотини денари и била 21.976 денари.

Сериозен раст на просечната плата се случил во 2019-та година, неполни две години по трансферот на власта на Никола Груевски кон тогашниот премиер Зоран Заев. Тогаш просечната нето плата изнесувала 23.196 денари.

Драстичен пресврт се случил во 2022 година, кога платата пораснала за 10.000 денари во однос на 2019 и тогаш изнесува 33.011 денари.

Денес во август 2023 година просечната плата изнесува над 36.000 денари, а минималецот е 20.175 денари.