nafteno poleЦената на барел нафта на меѓународните пазари се спушти под 57 долари откако Меѓународната агенција за енергетика (IEA) утврди дека заситеноста на пазарот продолжува да се зголемува, а производството во САД се уште не покажува знаци на попуштање.

На пазарот во Лондон цената на барел падна за 62 центи во однос на претходното затворање, на 56,46 долари. На американскиот пазар се тргуваше за 81 центи пониска цена, од 46,24 долари.

Иако производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) е намалено во февруари, глобалната понуда е зголемена за 1,3 милиони барели дневно, во однос на истиот период минатата година, на 94 милиони барели дневно, предводена од зголемувањето на понудата од земјите кои не се членки на OPEC за 1,4 милиони барели дневно.

“Засега не постои индикација за слабеење на понудата од САД. Напротив се уште му пркоси на очекувањата”, истакнуваат од IAE, додавајќи дека САД наскоро би можел да остане без простор за складирање, што ќе резултира со уште поголем притисок врз цените на нафтата.

Овој процес ќе трае најмалку до втората половина на годинава, кога се очекува да се појават знаци на забавување на производството во САД, напоменуваат од IEA. Тоа заедно со зголемувањето на глобалната побарувачка треба да ги поддржат цените на нафтата.