Не се чувствувајте виновни за проверката на Фејсбук профилот на работа – тоа е сигнал кој значи здраво размислување и паметно конципирање и организирање на Вашиот работен ден. Подобро е да издвоиме време за да ги провериме апликациите или своите омилеми веб-страници во нашите добри и продуктивни денови, тврди Брајан Солис од Алтиметер. Ваквото “продуктивно одвраќање” може да ви помогне да изградите дневна структура, а тоа ви овозможува да ги искористите придобивките од таквите паузи. Преземањето намерни паузи од нашите главни проекти им овозможува на нашите умови да истражуваат нови идеи и, за возврат, да ја зајакнат креативноста.