Обединетите авто работници во петок ќе ги објават плановите за проширување на штрајкот против три детроитски производители на автомобили. Дополнителни прекини на работа се планирани за петок бидејќи нема напредок во преговорите за условите на договорот за работа, соопштуваат од синдикатот.

Работниците штрајкуваа на 14 септември, откако пропаднаа договорите за нови работни договори со Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, пренесува AП. Тие не прецизираа какви дејствија ќе покренат Првично, работата беше прекината во една фабрика на секоја компанија, а потоа беше проширена на 38 дистрибутивни центри за делови управувани од ЏМ и Стелантис.

Форд беше поштеден од уште една ескалација додека преговорите со синдикатот напредуваа. Синдикатот не сакаше да прецизира какви акции ќе покренат, истакнувајќи дека „сите опции се на маса“. Според синдикалните лидери, преговорите се движат бавно и затоа ќе го зголемат притисокот врз производителите на автомобили.