Вредноста на доларот во однос на останатите валути дополнително се зголеми, втор ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,70 поени, додека вчераво ова време изнесуваше 107,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 140,45 на 141,95 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0250 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0295 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,20 отсто, на 87,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 79,75 долари.