(Време за читање 6 минути)

Во денешниот свет на криптовалутите Биткоинот е сеуште монета број еден. Многу луѓе не веруваат во Биткоин, велат дека е стара и застарена монета, дека има многу други нови монети кои имаат подобри решенија од Биткоин, но факт е дека Биткоин и понатаму останува криптовалута број еден.

Сигурен сум дека сте слушнале за Биткоин Кеш. И најверојатно се прашувате дали Биткоин Кеш е нова монета или е дел од истата монета. Во денешната статија ќе се фокусирам на разликата помеѓу овие 2 монети (Bitcoin и Bitcoin Cash).

Биткоин кешот потекнува од самиот Биткоин. Јазлите на Биткоин Кеш беа дел од Биткоин Блокчејнот а Биткоин Кеш е вилушка од Биткоин.

Сигурен сум дека доколку имате некои основни познавања за Биткоинот, знаете дека Биткоин беше првата криптовалута и многу години не беше многу позната во светот. Биткоин се здоби со својата популарност во последните 2 години. Биткоинот беше креиран како и секоја друга валута. Него можете да го користите за купување, продавање и трговија со стоки, услуги, инвестиции и друго. Исто така Биткоин не е контролиран, не е во сопственост на некоја група или партија во споредба со сите другите девизни валути кои се контролирани и се во сопственост на владите на земјите. Биткоин беше развиен со цел да ги олесни работите за секојдневна употреба. На пример, кога пренесувате пари на некој пријател или на семејство, банката треба да ја одобри и процесира трансакцијата, за која трансакцијата наплатува одредени надоместоци. Со Биткоин од друга страна трансакциите на блокчејнот се проверуваат од компјутери кои работат на самиот блокчејн, и овие компјутери може да бидат во сечија сопственост – Блокчејнот е децентрализиран.

 

На Блокчејнот трансакциите се чуваат и доставуваат во блокови. Компјутерите го потврдуваат целиот блок на трансакции по решавањето на комплициран математички проблем. И кога тој проблем е решен, трансакциите во блокот се потврдени и нов Биткоин е создаден кој се доделува како награда на оној компјутер кој го решил проблемот. Овој процес се нарекува рударство. Сепак, како што голем број на луѓе се обидуваат да поседуваат Биткоини, стапката на создавање биткоини се намалува а со тоа се верува дека вредноста ќе се зголеми. И затоа толку многу луѓе се луди за Биткоин. Денес Биткоин се уште е највредна криптовалута на пазарот.

Многу други криптовалути се обидуваат да го надминат Биткоин и да ја намалат неговата доминација, но само неколку од нив му се приближуваат. Сепак Биткоин Кеш може да биде исклучок.

Бидејќи Биткоин Кеш е вилушка на Биткоин, ајде да видиме што е вилушка пред да ви го објаснам Биткоин Кеш.

Постоеа неколку Биткоин вилушки низ историјата. Вилушка се создава кога оригиналниот код на Блокчејнот се ажурира, но само некои од јазлите (Компјутери) на Блокчејнот го прифаќаат ажурирањето.  Оригиналниот Блокчејн (како Биткоин) останува ист и ажурираните јазли се разделуваат од оригиналниот Блокчејн и создаваат нов Блокчејн (Биткоин Кеш) и монетите се разделуваат и постануваат единствени од оние на оригиналниот Блокчејн. Оваа идеја произлезе од група влијателни рудари, програмери, инвеститори и корисници.

Официјалната Биткоин Кеш веб-страница се дефинира себеси како:

Биткоин Кеш е електронски (peer to peer) платежно средство за на Интернет. Биткоин Кеш е целосно децентрализиран, без централна банка и не бара доверливи трети страни да управуваат. Официјалниот датум и време за вилушката беше 1 Август 2017 година. Во тој момент секој кој поседуваше Биткоини автоматски доби и Биткоин Кеш. Значи, ако некој поседувал 10 БТК пред вилушката, автоматски добил одреден број на Биткоин Кеш што одговара на вредноста на 10 биткоини.

Денес исто како Биткоин, Биткоин Кеш е криптовалута со свој блокчеин. Се се случи бидејќи малата група на влијателни рудари, програмери, инвеститори и корисници сакаа да направат некои важни промени во Биткоинот. Но вилушката се случи без договор на мнозинството рудари и хеш моќ. Но, сепак тоа се случи.

Ајде сега да ги видиме промените што беа направени за Биткоин кеш и кои се неговите предности и карактеристики:

–           Биткоиин Кеш има поевтини трансфер такси (околу 0,20 евра по трансакција).

–           Биткоин Кеш има многу побрзи трансфери.

–           Биткоин Кеш може да се справи со повеќе трансакции во секунда.

–           Ограничувањето на големината на блокот е зголемено до 8 МБ.

–           Подобра безбедност

Со сите нови надградби што ги има Биткоин Кеш, оваа монета стана многу побрза, поевтина и со побрз раст од Биткоинот. Секој ден Биткоин Кеш станува сè повеќе и повеќе прифатена од луѓето.

Вредноста на криптовалутите произлегува од тоа колку се прифатени, колку се користат и од нивната побарувачка. Во овој случај и Биткоин и Биткоин Кеш се носители на вредност. До сега Биткоин има најголема вредност, но Биткоин Кеш добива многу корисници и вредност а е стар скоро една година. Многу луѓе шпекулираат дека Биткоин Кеш ќе земе добар дел од пазарот на Биткоин и би можела да биде новата доминантна крипто валута. На почетокот вредноста на Биткоин Кеш беше доста ниска, околу 5% од Биткоин вредноста а во моментов е 10-15% од цената на Биткоин. Биткоин Кеш има многу нови инвеститори и тоа рапидно расте.

Главната предност на Биткоин Кеш е тоа што е поевтин и побрзо се користи.

Главниот недостаток е тоа што Биткоин Кеш нема толку инвеститори како Биткоин. Неговото прифаќање е многу пониско од Биткоин. Ова има многу врска со фактот дека монетата е многу помлада од Биткоин. Иако цената на Биткоин Кеш е околу 10-15% од цената на Биткоин, сепак цената на рударството е иста. И тоа го прави помалку профитабилен од Биткоин. И исто така, кога станува збор за тргување Биткоин Кеш има многу помалку трговски парови од Биткоин.

 

Доколку сакате да купите Биткоин Кеш тоа може да го направите на некои од најпопуларните крипто менувачници како (Coinbase, CEX-IO, Binance) и други. Секогаш можете да проверите на нивната веб-страница.

Многу луѓе имаат впечаток дека Биткоин Кеш и Биткоин се во војна и дека едниот треба да биде подобар од другиот. Биткоин Кеш е ажурирана верзија со побрзи и поевтини трансакции и такси, но Биткоин е оригиналната криптовалута, најмногу усвоена и моментално со најголема вредност во криптомаркетот. Во иднина Биткоин Кеш може да стане главна алатка за трансакции, бидејќи повеќе корисници ја прифаќаат. И Биткоин може да продолжи да се чува како вредност која се смета за злато на дигиталната валута. Двете од нив ќе пораснат во вредност со текот на времето, што ќе ги направи достојни за инвеститорите да ги разгледаат.

На пример можете да инвестирате во Биткоин Кеш за да го користите како главна валута за трансакции, или можете да инвестирате во Биткоин исто како да инвестирате во злато – за инвестициски бенефиции. Прашањето е која валута ја преферирате? И за што?

МНОГУ ВАЖНО: Секогаш направете дополнителни, независни истражувања и секогаш консултирајте се со финансиски инвеститор пред да инвестирате. Јас не сум финансиски советник, едноставно крипто ентузијаст. Моите статии се чисто образовни и информативни.

До следната статија …… ОСТАНАТЕ БЕЗБЕДНИ и

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог: https://darkokipariz.blogspot.com/

 

Следете ме на Фејсбук:                http://bit.ly/2zDUBpp