Тимот на БанкоМетар.мк изготви анализа за месец април на сите станбени понуди кои ги нудат банките во нашата земја и согласно нашата анализа можеме да заклучиме дека најповолната понуда, по наше мислење, доаѓа од Халк Банка со нивниот продукт: Comfort+кредит со животно осигурување.

Анализа :

  1. Износот на овој кредит е особено добар и истиот може да послужи за задоволување на сечии станбени желби и тој се движи до висина од фантастични 200.000 ЕУР, нешто што ниедна банка не го нуди
  2. Рокот на отплата е максимално висок и прилагоден на сечии потреби и се движи до 360 месеци т.е. 30 години рок за отплата со 12 месеци грејс период. Грејс периодот е особено значаен доколку сами си го градите живеалиштето или потребен Ви е одреден период за адаптација на отплатите во почетокот.
  3. Каматната стапка е фиксна за првите 3 години и изнесува супер ниски 3 % , процент кој е еден од најконкурентните на пазарот. Со стапка на вкупни трошоци ( СВТ ) од само 4,8 % овој кредит е моментално најповолен и по овој параметар според наше мислење.
  4. Без трошоци за одобрување
  5. Без трошоци за проценка

Имајќи ги сите овие параметри во предвид, согласно анализата на сите станбени кредити во Македонија , наш предлог за станбен кредит оваа пролет е дефинитивно Станбениот кредит на Халк Банка – Comfort+ кредит со животно осигурување .

Доколку сте заинтересирани за повеќе детали околу овој кредитен продукт кој го препорачуваме на сите кои се заинтересирани за аплицирање за станбен кредит можете да дознаете повеќе детали на следниот линк : Станбен кредит – Comfort+ кредит со животно осигурување .

Искрено Ваш,

БанкоМетар.мк